Полицијата приведе четири жени во источен Лондон, вкупно уапсени 12 лица

by Fokus 17:17
17:17

Полицијата приведе четири жени од станбен блок во Баркинг во источен Лондон во недела, јави Ројтерс, а досега се уапсени 12 лица по терористичкиот напад во центарот на градот, пренесе ББЦ, повикувајќи се на Скотланд Јард, кој продолжува со претресите.

Четири жени со покриени лица ја напуштиле заградата и со полициски возило биле одведени, јави фотограф на агенцијата Ројтерс.

- Advertisements -

Според медиумите, во терористичкиот напад во Лондон има шест жртви и повеќе од 30 повредени лица, откако комби влетало во голем број пешаци кои се движеле по Лондонскиот мост, јавува Би-Би-СИ.

 

Поврзани новости