474
Претстседателот Ѓорге Иванов и премиерот Емил Димитриев, кои присуствуваа на божиќната литургија во православниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, им го честитаа Божиќ на православниоте верници.
-Сето она што го имаме овие денови, сета радост, добрина и убавина да не следи во текот на целата година – посака Иванов.
Димитриев, пак, порача исусовото дело да биде пример и поука за сите со разум и позитивна енергија да ги надминуваат сите предизвици.
-Денеска живееме во исклучително турбулентно време на општествен и политички план, но се надевам дека кај сите фактори и чинители ќе надвладее разумот и пораките што деновиве ги слушаме од храмовите на МПЦ – рече тој.