Заев: Божиќ го отвора патот на живот што го избравме

by Фокус

Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме. Ќе бидеме среќни, децата ќе ни бидат насмеани, ќе живееме квалитетно и спокојно сите. Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во честитката по повод Божиќ.

„Посакавме слобода, вистина, правда. Бевме исправени пред големи предизвици да ги браниме. Покажавме одлучност, храброст и големо трпение. Подадовме рака едни кон други. Одлучивме да ја следиме својата совест и успеавме да одговоривме на искушенијата на нашата волја. Го избравме доброто наспроти злото. Ете затоа верувам дека нашиот благослов ќе биде нашиот живот“, вели Заев.

Поврзани новости