Парадоксот е што сето тоа се случува од територија на држава која е дел од Шенген-зоната. На некој начин, доведени сме во ситуација Македонија да ја брани Европа од Европската Унија, рече македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на Конференцијата на ОБСЕ во Рим.
-Каде е ОБСЕ? Нејзините механизми за рано предупредување не го видоа доаѓањето на кризата. Значи ли тоа дека треба да си го избрише зборот безбедност од своето име? Истото важи и за ЕУ- таа е одлична во времиња на мир и просперитет, но не во однос на безбедноста. ЕУ ги избриша внатрешните граници, без да ги утврди и обезбеди надворешните и сега секоја земја членка треба да ги преземе надлежностите кои ЕУ не успеа да ги спроведе, остро критикуваше Иванов.
Иванов заклучи дека ЕУ е силна колку што е силна нејзината најслаба алка, а тоа во моментов, како што рече Иванов, е Грција.