ПЦЕР: Народот нема да падне на провокациите на ДУИ и ДПМНЕ

by Фокус

Нов филм на власта, повторно националистички реторики на двете партии. Сега бараат во него да се вклопи и полицијата и го повикуваат министерот Спасоски да им го реши проблемот и повторно да направат војна на раздор и меѓуетнички конфликт. Ова е ставот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) за последните случувања во Бутел.

-Овој пат нема да ви успее. Министерот е доволно паметен и нема да подлегне на вашите барања за ангажирање на полицијата во вашиот филм за предизвикување конфликт. И народот е доволно паметен и нема да подлегне на вашите провокации за етничка нетрпеливост, се служите со застарени финти, не пали тоа господа од власта. Зошто сега го одбравте Орелот и Крстот, за да го сокриете криминалот, стои во реакцијата.

ПЦЕР ги повикува жителите на Бутел од која и да се нациооналност и веросиповед да се воздржат и да не подлегнуваат на провокациите.

Поврзани новости