Иванов: Долгогодишната статус кво состојба во интеграциите ја продлабочила кризата и им дала алиби на политичарите да застранат од зацртаниот европски пат

by Fokus

Европската Унија да извлече поуки за ефектите од досегашниот пристап кон Македонија и регионот, истакнал претседателот на државата, Ѓорге Иванов во своето обраќање на денешниот состанок на лидерите од процесот Брдо – Бриони, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија.

Членство на Република Македонија во НАТО, почеток на преговорите со Европската Унија, продлабочување на соработката во сферата на безбедноста за стабилен регион, воздржување од радикална националистичка реторика и немешање во внатрешните работи на државите се пораките кои Иванов ги истакнал на лидерскиот состанок – се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Тој порачал дека долгогодишната статус кво состојба во интеграциите ја продлабочила кризата во Македонија и им дала алиби на политичарите да застранат од зацртаниот европски пат.

Поврзани новости