Денес истекува рокот за обвиненија на СЈО

by Fokus

Денеска истекува рокот за поднесување обвиненија за предметите што Специјалното јавно обвинителство ги презеде од Јавното обвинителство, а до 30 јуни е рокот за поднесување обвиненија за предметите што произлегуваат од незаконски прислушуваните материјали.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во повеќе наврати апелираше Собранието да го продолжи мандатот на СЈО.  Таа на последната прес конференција побара Собранието да го укине или да го измени членот 22 од Законот за јавното обвинителство. Членот 22 од Законот за СЈО, за кој се бара изменување или укинување, гласи: „Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.

СЈО ќе продолжи со работа со сите почнати предистражни и истражни постапки и по 30 јуни, но ако не се смени нешто, нема да има законска можност да покренува нови обвиненија пред Судот.

 

Поврзани новости