Се степале, биле исфрлени надвор, па се вратиле со дрво и даска

by Фокус

На новогодишната ноќ во објект на велешкиот фудбалски клуб Превалец бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата: Ј.Ш (29) и Н.Ш (23) од една страна и А.Ш.(25), Д.Ш(21) и С.С(18) од друга страна.

Од МВР информираа дека тие си размениле по неколку удари со раце и нозе по телата.

„Откако Ј.Ш и Н.Ш биле истуркани надвор од објектот, со дрво и даска во рацете се вратиле во објектот и почнале да удираат по сите присутни, нанесувајќи им видливи повреди“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости