Иван преживеал благодарение на топка која ја нашол во морето

by fokus

Триесетгодишниот Иван, еден од тројцата Македонци кои исчезнаа во Егејското море беше пречекан со аплауз штом стапна на копното.

Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што околу 19 часа се борел со брановите во морската област во Посеиди на Халкидики.

Младиот човек беше пречекан со овации од спасувачите и луѓето кои чекаа во брзата помош. Неговиот татко и брат се нурнаа во неговите прегратки видно олеснети што сагата е завршена, а нивниот најдраг е здрав и здраав, пишува весникот.

Како што 30-годишникот и’ рекол на градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа, која од првиот момент бeше на местото на настанот и’ го придружувaше до Здравствениот дом, тој успеал да преживее бидејќи пронашол топка која ветерот ја донел во морето, ја фатил и се држел за неа додека бродот не го забележал.

Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“, изјави Чалкиа за protothema.gr.

Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно дете и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со себе“, нагласи таа.

Младиот човек е многу среќен што успеал повторно да стапне на копно и се чини дека е во добра здравствена состојба и покрај неговата долга авантура. Тој, всушност, побарал од градоначалникот на Касандра да направат заедничка фотографија.

Во исто време продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област во Посеиди, Халкидики.

Поврзани новости