Димовски: Не е време да се бара одговорност за поплавите

by fokus

На прашањето кој ќе сноси политичка одговорност за катастрофалните поплави, пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека во вакви моменти такви дискусии биле нецивилизациски и неодговорни.

-Е ова е тој контекст за кој што зборувам дека е нецивилизациски и неодговорен во вакви моменти. Мислам дека повеќе треба да дискутираме во овие моменти како да помогнеме на луѓето, има време секогаш да се дискутира за тоа. Начелно она што го имам јас како информација во поглед на преземени активности последните десет години за чистење канали, за градење на инфраструктура, средствата кои што се трошат од државниот Буџет и од буџетот на Општините се неколкукратно поголеми отколку било кога досега, но нема да навлегувам понатаму со одговор заради тоа што мислам дека не смееме во тој контекст да ја водиме во овој момент расправата, рече Димовски на денешната прес конференција по повод итната собраниска седница за поплавите.

Димовски повика седницата на Собранието да не биде злоупотребена за ситно политиканство.

Поврзани новости