452
Четириесет и четиригодишен Италијанец бил пронајден мртов во апартман во Скопје, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 17.10 часот во изнајмен апартман на ул. „Томе Арсовски“ во Скопје бил пронајден починат М.М. (44) од Италија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.