Не му „упалила“ лагата дека работи во УЈП, па ја нападнал со камења менувачницата

by fokus 13:33
13:33

Скопјанец извршил разбојништво во обид во менувачница на улиџата „Московска“ вчера околу 13.30 часот. Се претставил како вработен во Управата за јавни приходи и побарал да влезе позади пултот, но вработената не му дозволила, велат од полицијата.

Потоа излегол надвор и со камен почнал да удира во шалтерското стакло. Во тој момент вработената го вклучила алармот, а сторителот избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

- Advertisements -

Поврзани новости