Италија нареди мигрантите од бродот на Сицилија да бидат во карантин

by Fokus

Италијанската влада нареди мигрантите кои се наоѓаат на бродот во близина на брегот на Сицилија да бидат префрлени на друг брод за да бидат тестирани за вирусот Ковид-19, наместо да им се дозволи да се симнат.

Министерството за сообраќај соопшти дека оние кои се наоѓаат на бродот ќе бидат префрлени на друг брод за да бидат набљудувани од здравствените власти. Тој брод ќе биде целосно во карантин.

Италијанската Влада оваа недела ги затвори пристаништата за бродовите на хуманитарните организации за време на вонредната состојба поради новиот корона вирус, а мерката ќе биде на сила до 31 јули.

Поврзани новости