Оваа служба тврди дека сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и проодни.
Екипите на зимската служба на терен со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите.
„Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување“, се вели во информацијата на градската Зимска служба.
Тие апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.