Сител е најгледана, 24 Вести има најголем раст на гледаноста

by fokus 12:37
12:37

Најгледани ТВ канали на територијата на Македонија во првиот квартал се националните ТВ канали Сител со просечен дневен досег од 37,29% и Канал 5 со просечен дневен досег од 31,54%, се вели во годишниот извештај на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги, објави Фактор.

На трето место во првиот квартал е ТВ Телма со 18,71% просечен дневен досег. ТВ 24Вести во овој период има просечен дневен досег од 8,75%.

Во вториот квартал ТВ Сител, ТВ Канал 5 и Телма бележат пад на дневниот просечен досег кој изнесувал 36,38% , односно 29,54% и 15,67% наспроти растот на ТВ 24 Вести кој изнесува 9,96%.

Третиот квартал продолжува со пад на дневниот просечен досег на 36,42% на ТВ Сител. Канал 5 во овој квартал бележи раст кој достигнува 32,21% а досегот на Телма расте за 17,38%. Просечниот дневен досег на ТВ 24 Вести ја продолжува серијата на раст и во третиот квартал изнесува 12,42%.

Четвртиот квартал од 2016 год. бележи раст на сите погоре анализирани телевизии. Досегот на ТВ Сител изнесува 40,83%, на Канал 5 36,67% а  на Телма 23,21%. Просечниот дневен досег на ТВ 24 Вести запиша квартален раст на 15,42% во последниот четврт квартал.

Поврзани новости