Извршен комитет на ВМРО – ДПМНЕ : Срамна и политичка одлука на СЈО за „Пуч“

by fokus 11:22
11:22

Скандалозна, срамна и политичка е одлуката на Специјалното јавно обвинителство да го повлече обвинението за случајот „Пуч“, се вели во реакцијата на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Во денешното соопштение на оваа партија се вели дека во „контекст на преговорите за формирање влада, на седницата ИК ја реафирмираше поддршката за лидерот на партијата Никола Груевски да продолжи со активностите во таа насока бидејќи, како што истакнуваат, волјата на граѓаните е императив.“

- Advertisements -

ИК, како што стои во соопштението, на вчерашната седница ја разгледуваше и анализираше последната скандалозна одлука на СЈО со која Зоран Заев по вторпат избегнува кривична одговорност за криминалот во кој што е фатен.

„Врз основа на изнесените правни аргументи, беше оценето дека станува збор за срамна одлука со која што СЈО наместо орган кој што гони криминал се промовираше себе во партиски орган на СДСМ чија основна задача е да го штити криминалот на Заев и злосторничкото здружение формирано околу него. Оваа одлука претставува и еден вид преседан бидејќи експертската јавност не памети во правната пракса во Република Македонија некој јавен обвинител да се откаже од застапување на обвинението во оваа фаза на постапката, кога обвинителниот акт е правосилен и потврден од совет на судии. Со партиската одлука на Катица Јанева се дерогира и претходната судска пресуда изречена по признание на еден од пленовите на злосторничкото здружение на Заев и Верушевски“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости