Истрага за смртта на Марадона: Претреси во домот и клиниката на неговиот лекар

by Fokus

Полицијата во Аргентина изврши претрес во куќата и приватната клиника на Леополдо Луке, докторот на легендарниот фудбалер Диего Марадона кој во средата почина од срцев удар во својот дом во Буенос Аирес.

Аргентинската новинска агенција Телам јави дека истрагата треба да покаже дали имало небрежност во лекувањето на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Ќерките на Марадона побарале да дознаат какви лекови пиел нивниот татко.

Марадона имаше успешна операција на тромб на мозок на почетокот на ноември и се лекуваше од зависност од алкохол.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, минатата недела побара истрага од највисоко ниво за улогата на итната медицинска помош во смртта на Марадона.

Марадона почина од „акутен едем на белиот дроб и хронична срцева исуфициенција“, се наведува во прелиминарниот извештај на обдукцијата.

Поврзани новости