432
Откако претходно ја офарбаа во шаренило Триумфалната капија, демонстрантите се упатија кон паркот „Жена-борец“.
Таму граѓаните положија цвеќе за сите жртви на фашизмот и порачаа дека нема да дозволат „режимот да нѐ надвладеe”.
-Нашата револуција симболизира борба против фашистичкото зло. Денеска фашистичките никулци повторно креваат глава. Шарената револуција е за мир и против тиранијата. Да се поклониме пред жртвите на фашистичкото зло. Во име на поколенијата да се бориме против секакви појави на фашизмот и да не дозволиме уште еднаш да ни се повтори ова што ни се случи. Смрт за фашизмот слобода за народот! – порачаа еден од говорниците кои се обрати пред демонстрантите.