Протест на албанскиот опозициски Совет: Долу ДУИ со Груевски!

by Фокус 19:41
19:41

Со интонирање на албанската химна, опозицискиот Совет на Албанците го започна протестот пред Владата.  На демонстративен марш излегоа илјадници граѓани од албанската етничка припадност барајќи вклучување во разговорите за разрешување на актуелната политичка криза во Македонија.

Основните пароли на демонстрантите се „Али предавник“, „Демократија“, „Смрт за фашизмот“, „Долу ДУИ со Груевски“, и „Правда“ .

- Advertisements -

Опозицискиот совет на Албанците, го организираше протестот заради поголеми права, почит и достоинство на албанското население како и за запирање на политички монтираните случаи.

Демонстрантите дадоа поддршка на Специјалното јавно обвинителство, но и на меѓународната заедница за нивните напори за излез од политичката криза.

 

Поврзани новости