ISOMAR – ДИШЕТЕ СЛОБОДНО

by fokus

Како делува Isomar спрејот за алергии?

Isomar спрејот за алергии ја смирува и навлажнува иритираната назална слузокожа благодарение на комбинацијата од природни компоненти, кои помагаат во борбата и превенцијата на симптомите на алергиски ринит.

  • Прочистената и изотонична морска вода (0,9% натриум хлорид) ја хидрира назалната слузокожа, го олеснува отстранувањето на прекумерниот мукус од носот, превенира пролиферација на бактерии и задржување на алергени
  • Бета-глуканите, природни супстанции добиени од квасец, имаат имуностимулативни својства, го спречуваат сушењето и појавата на црвенило на назалната слузокожа и помагаат производот да се задржи на истата
  • Црниот слез овозможува длабинско навлажнување и намалување на црвенилото (оневозможува сувост и црвенило на назалната слузокожа), карактеристично за алергиите
  • Сокот од алое вера ги обновува вискозно-еластичните својства на мукусот, олеснувајќи го неговото исфрлање надвор од ноздрвите
  • Алое вера и црниот слез формираат тенок, заштитен филм како бариера што го оневозможува контактот со алергените од надворешната средина
  • Етеричното масло од еукалиптус делува анти-септично, против-воспалително и дава чувство на свежина во горните дишни патишта

 

 

Дозирање и начин на употреба:
Едно или две вшприцувања во секоја ноздрва.
Наменет е за возрасни и деца над 2 години.

Состав:
Вода, натриум карбоксиметил Бета-глукани, воден раствор на црн слез, Алое Вера гел, етерично масло од еукалиптус, глицерин, ксантин гума, натриум бензоат, калиум сорбат, феноксиетанол, изотоничен раствор на морска вода.

Пакување:
30 мл, спреј шише без гас (400 вшприцувања)

Производител
Coswell S.P.A
Via Gobbeti 4, 40 050 Funo, Bologna, Italija

Ексклузивен застапник и дистрибутер: ЕУРО-ФАРМ дооел

ул. Антон Попов 5, Скопје; тел. 02/32-12-700; факс 02/32-14-292;
www.eurofarm.com.mk;
Пратете не на http://www.facebook.com/eurofarm

 

 

Поврзани новости