Сончево и топло со температура до 33 степени

by irena 07:56
07:56

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот.

До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.

Слични вести