97
Исламската држава преку својот канал на социјалната мрежа „Телеграм“ презеде одговорност за денешниот масакар кој се случи во концертна сала во Москва.
Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва загинаа најмалку 40 луѓе, а повеќе од 100 се ранети.
Неколку лица отвориле оган од автоматско оружје врз цивили во фоајето на салата.
На местото на настанот пристигнале 50 возила на брза помош и специјалци од Националната гарда.
Салата се уште гори, специјалци упаднале во неа, а покривот се урнал.