Ислам Абази се појави во јавност – дојде во суд да ја слушне пресудата за Рашковски

by Fokus

Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази по првата прес конференција која ја одржа кога беше избран на чело на ова Обвинителство за прв пат се појави во јавност.

Тој заедно со обвинителката Ивана Трајчева која го води случајот „Софтвери“, дојде во Кривичниот суд да ја слушне пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

 

 

Поврзани новости