Ни претстои сериoзна работа за земјите да влезат во ЕУ, рекоа Ковачевски и Рама

by Fokus

Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека евроинтегративните процеси на двете земји и важноста од недвосмислена посветеност е клучна во овие моменти на силни геополитички превирања, за земјите да станат полноправни ЕУ-членки до 2030 година.

По денешната средбата меѓу премиерите, тие одржаа билатерална средба заедно со владините делегации.

На билатералната средба заеднички беше констатирано дека на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги и Албанија и Северна Македонија, им претстои сериозна работа затоа што дојде време кога ќе треба да се испорачаат суштински постигнувања во однос на подобрувањето на капацитетите, ефикасноста и конкурентноста на економиите и на регионот во целина, што ќе доведе до забрзан регионален економски раст и развој.

Преку Берлинскиот треба да се интензивираат соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

На билатералната средба беше констатирано дека е јасен ставот оти ЕУ нема да е целосна и успешна додека граѓаните од Западен Балкан не добијат пасоши со знамето на ЕУ. Воедно, беше констатирано дека Берлинскиот процес не е замена за членството во ЕУ, но е процес што ќе обезбеди побрза интеграција на земјите од регионот.

Ковачевски рече дека на средбата истакнал Берлинскиот процес, „Отворен Балкан“, исто како и другите регионални иницијативи, како RCC, CEFTA, CEI, SEECP, се комплементарни една на друга и секоја од нив за граѓаните и бизнисот е само придобивка плус. Тој додаде дека нашето дејствување во секоја една од нив треба да е исклучително посветено затоа што секоја од нив е чекор напред кон европски пат.

Ковачевски рече дека како непосреден сосед на Косово и на Србија, повикуваме на деескалација на состојбите и спроведување на меѓународно преземените обврски на двете страни, односно на имплементација на договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел и особено на договорот постигнат во Охрид за патот кон нормализација на односите.

„Од аспект на соработката на двете земји беше истакнато дека денешната посета е уште една потврда за добрата билатерална соработка меѓу двете земји, која се случува осум месеци по меѓувладината седница на владите на Северна Македонија и на Албанија, на која беа потпишувани договори и меморандуми од министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји“, рече Ковачевски.

Трендот на раст на трговската размена со Албанија има тенденција за натамошен раст. Во 2022 година извозот од Северна Македонија кон Албанија изнесувал над 102 милиона евра, што е раст од 7 отсто во однос на 2021 година и раст од 40 отсто во однос на 2019 година.

Двете земји како НАТО-сојузници цврсто се посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот во меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на состојбите на регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност на регионот.

Поврзани новости