474
По вчерашниот протест во Крива Паланка против изградба на џамија, демолиран бил еден импровизиран муслимански верски објект наменет за молитви. За ова информираше Партијата за целосна еманципација на Ромите.
Дел од жителите на Крива Паланка вчера се собраа на протест со цел да спречат изградба на џамија во овој град. Организаторите на протестот велат дека никој не смеел да гради џамија без дозвола и документи. Претходно, граѓаните потпишаа и петиција. Мотото „Протест против исламизацијата во Крива Паланка”, центарот за слобода „Цивил” го оцени како говор на омраза и остро го осуди.