СДСМ уверува дека ќе ја врати слободата на медиумите

by Фокус

-Македонија и нејзините граѓани сакаат враќање на слободата за медиумите. По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана. Правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок ќе биде обезбедено, вели СДСМ во денешното соопштение.

Од опозициската партија велат дека Никола Груевски постојано шири лаги преку медиумите под своја контрола, граѓаните тоа многу добро го знаат. Додаваат дека Груевски во изминатите 10 години ја задушил слободата на медиумите, а парите на граѓаните најдрско ги злоупотребил за притисок врз медиумите и воспоставување контрола.

-Недомаќинското и расипничко трошење на парите на граѓаните ќе заврши. Македонија ќе има отворена, транспарентна и одговорна власт која ќе им служи на сите граѓани, велат од СДСМ.

Поврзани новости