Искористете го прекрасното сончево време – од недела нова голема промена на времето – детали

by fokus

До крајот на денов времето во нашата држава времето ќе се задржи сончево и релативно топло, ќе има појава и на мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура денес се очекува да се искачи до околу 17 степени. Потоа до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилната, сува и релативно топла воздушна маса.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Според најновите направени анализи, од недела кај нас се очекува нова ГОЛЕМА промена на времето која ќе услови најпрвин врнежи од дожд. Потоа брзо и значително заладување, па така на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Од понеделник рано изутрина услови за врнежи од снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во северните и во западните предели од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости