Исклучените од парно ќе поднесат тужба во Стразбур

by Фокус

Исклучените граѓани од системот за парно греење денеска протеситраа пред Регулаторната комисија за енергетика. Тие најавија дека правдата ќе ја бараат во судот во Стразбур, оти домашните судови го затвориле нивниот случај. Тие и понатаму нема да бидат корисници на парно, но секој месец ќе плаќаат паушални сметки, како и до сега, со објаснување дека користат топлина од соседите.

Во Скопје има околу 20 илјади семејства кои се соочуваат со овој проблем и кои немаат начин како да го надминат. Никој од засегнатите не е на нивна страна, ниту комисијата, ноту Балкан енерџи груп, ниту власта. Оваа група граѓани го откажале користењето на парното незадоволни од топлината, но сега подолго време се приморани да плаќаат сметки, иако користат друг извор за греење.

 

Поврзани новости