Искинато македонско знаме се вее во центарот на Прилеп

by Фокус

Искинато знаме на Република Македонија со денови се вее на поставениот јарбол во општина Прилеп, спротивно на член 6 од законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, објавува веб-порталот Револуционер.мк.

Во член 6 од законот стои дека „грбот и знамето на Република Македонија не смеат да се употребуваат ако се дотраени, неуредни, искинати или на друг начин оштетени, или со својот изглед се неподобни за употреба. Оштетените или за употреба неподобните грб и знаме на Република Македонија се повлекуваат од употреба“.

Поврзани новости