Галерија: Продолжува кампањата на Цивил – СТОП за тортурата

by Фокус

По повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура (26 јуни) , која Амнести Интернешнл ја почна пред 30 години, невладината Цивил спроведува кампања меѓу граѓаните. Секој граѓанин може да се приклучи кон кампањата со своја фотографија на која ќе држи порака против тортурата.

На електронската пошта civil@civil.org.mk освен фотографии, граѓаните можат да испратат и информации за случаи на тортура доколку биле жртви или сведоци.

„Во Македонија има тортура! Ова не го гледаме често во јавноста бидејќи тортурата не е нешто што лесно продира во јавноста поради ужасите што ги преживуваат жртвите на тортура. Сепак, постојат пријави и информации за случаи на бруталност и тортура од страна на полицијата и затворските установи, појава за која малку се расправа во општеството, а уште помалку ги признаваат институциите како што се полицијата и министерството за правда. Дотолку повеќе, ова е работа на невладините организации и на омбудсманот“, порачува Џабир Дерала, претседател на Цивил – Центар за слобода.

Поврзани новости