42-годишен државјанин на Македонија е уапсен во Швајцарија под сомнение дека ја убил својата сопруга. И двајцата биле етнички Албанци со потекло од Македонија. Според швајцарските медиуми имале три деца.
Како што пишуваат тамошни медиуми, во петокот, околу 11 часот, мажот се јавил во Центарот за итни случаи во швајцарската област каде живеел и пријавил дека фатално ја повредил сопругата. Тој е уапсен на лице место.
Локалната полиција соопшти дека мажот не пружал воопшто отпор. Јавното обвинителство во меѓувреме отвори истрага за случајот.
Роднини на семејството велат дека сопружниците имале три ќерки, кои се тинејџерки. Односите меѓу мажот и жената биле влошени последните недели, а се претпоставува дека планирале и развод.
„Човекот од неодамна не можеше да работи поради болест. Тоа и пречеше на жената. Порано беа толку среќни, многу се смееја. Но, во последните неколку недели врската се влоши“, вели роднина на семејството.
„Во шок сме“, вели еден жител. Тој го опишува осомничениот како „искрен, фин и нормален човек. Често се смееше и беше добро расположен.“