Исчезна внукот на Љубе Бошкоски

by fokus

Внукот на Љубе Бошкоски од братот на неговата сопруга, Самоил Костадиновски пред два исчезнал, што било пријавено и во МВР.

МВР во дневниот билтен објави дека е исчезнато 26-годишно лице.

– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

На социјалните мрежи беше објавен апел за помош од граѓаните, а според нив, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада. Сепак, објавата набрзо беше повлечена.

Поврзани новости