Исчезна 17-годишно девојче кое било под надзор на Центар за социјални работи

by fokus 11:54
11:54

Седумнаесетгодишно девојче од селото Џепчиште, кое било под надгледување на Центарот за социјална работа Тетово, се оддалечило во непознат правец.

Како што информира МВР, случајот вчера во полиција го пријавила 3.Е., социјален работник при Центарот за социјална работа Тетово.

Девојчето се оддалечило во непознат правец на 25 април годинава.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.

Поврзани новости