СДСМ: Мицкоски пропушти прилика да се дистанцира од Груевски

by fokus

Христијан Мицкоски одново пропушти прилика да се дистанцира од политиките на поделби и деструкција на неговиот претходник Никола Груевски што беа силно поразени од мнозинството граѓани, велат од СДСМ откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата партија останува на браникот на националните интереси.

„Со тоа Мицкоски покажува дека останува на браникот на криминалот, расипништвото и корупцијата што неговата партија и неговиот Груевски ги правеше цели 11 години. Мицкоски досега е запаметен единствено по продолжување на деструктивните политики и ширењето на лажните вести. Македонија тргна напред како едно општество за сите, модерна држава пријател на регионот и Европа и никакво деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ нема да го запре процесот на реформи, интеграција и развој“, велат од владејачката партија.

Поврзани новости