ИРИ: СЈО со рејтинг од 53 отсто, најмала доверба во Антикорупциска комисија

by Fokus

Специјалното јавно обвинителство има поддршка од 53 отсто од граѓаните, покажува најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт – ИРИ во март годинава.

Според направеното истражување, најмала е довербата во Државната комисија за спречување корупција во која веруваат само 15 отсто од граѓаните. Потоа следуваат политичките партии со 16 отсто доверба, тука се и судовите со 21 отсто, како и медиумите со 21 отсто доверба. Истражувањето на ИРИ, исто така покажува дека Јавното обвинителство има доверба од 22 отсто, а Собранието од 23 отсто, Државната изборна комисија (25), општините (28), Владата (29), здравствениот систем (36), Претседателот на државата (38 отсто)…

Резултатите на ИРИ покажуваат дека 51 отсто од анкетираните граѓани донекаде или многу се разочарани со досегашната работа на градоначалниците, а 47 отсто со работата на општинските совети. Дури 46 отсто од граѓаните се изјасниле дека се незадоволни и од нивната локална администрација.

За дури 57 проценти од граѓаните во анкетата не постои правна држава во Македонија.

 

Поврзани новости