Илиевски: Не сите кои влегоа во Собранието беа луѓе кои дотогаш протестираа со нас

by fokus

Еден од организаторите и водачите на протестите кои на 27 април ескалираа со влегување во Собранието и претепување на пратеници, Богдан Илиевски во интервју за Макфакс вели дека не сите од оние луѓе кои влегоа во Собранието, биле луѓе кои дотогаш протестирале со нив.

На прашањето дали тој смета дека тој ден имало инфилтрирани луѓе, тој вели дека не знае.

-Сѐ уште не можам да ги склопам сите коцки во главата. Се случија многу работи. Не знам кога и од кого би ги дознал. Јас не знаев дека има прес-центар во Собранието, а некој знаел. Не знаев дека има повредени пратеници. Јас, Дамовски и Дурловски 60 дена организиравме мирни протести, и протестите излегоа од контрола. Искрено сметам дека постоело сценарио за провокација на такво сценарио, вели Илиевски.

 

Поврзани новости