Ирец малтретирал гости во угостителски објект на Кеј на Вардар

by fokus

Вчера попладне, граѓанин на Ирска биле приведен, откако го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал гостите во угостителски објект во Скопје.

„На 18.06.2019 година околу 17.50 часот во Полициската станица Центар бил приведен  В.М.С.(31) од Република Ирска поради тоа што во угостителски објект на „Кеј 13-ти Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, ги вознемирувал присутните гости, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои излегле на местото на настанот. По целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости