Иран распоредува војници, нови жртви меѓу демонстрантите

by Fokus

Најмалку четворица демонстранти загинаа денеска во Иран, а поради секојдневните антивладини протести, војници беа распоредени во регионот со мнозинско курдско население, јавува Ројтерс повикувајќи се на групи за човекови права и социјалните мрежи.

Протестите ширум земјата, предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во септември во притвор на полицијата за морал, се најинтензивни во областите каде живеат повеќето од 10-те милиони Курди во Иран, наведува агенцијата.

Најмалку 58 деца наводно се убиени во Иран од почетокот на антирежимските протести, а групите за човекови права тврдат дека осумгодишни деца се меѓу жртвите на насилството извршено од припадници на службите за државна безбедност.

Според иранските активисти за човекови права од организацијата ХРА, убиени се 46 момчиња и 12 девојчиња  помлади од 18 години  од почетокот на протестите на 16 септември  поради  смртта на 22-годишната Махса Амини, за време на нејзиниот престој во притвор на Полицијата за морал, пренесува лондонски Гардијан.

Поврзани новости