Иран ги предупреди Северна и Јужна Кореја: Не му верувајте на Трамп!

by fokus

Иранското министерство за надворешни работи ги предупреди лидерите на Северна и Јужна Кореја да го држат подалеку американскиот претседател Доналд Трамп од своите мировни напори еден ден откако двете земји потпишаа договор за Корејскиот Полуостров без нуклеарно оружје и за официјален крај на Корејската војна.

„Американската влада со иранскиот нуклеарен договор покажа дека не ги почитува меѓународните договори и дека не може да ѝ се верува“, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи Бахрам Гасеми.

Лидерите на Северна и Јужна Кореја Ким Џонг Ун и Мун Јае потпишаа вчера на историскиот самит декларација со која се согласија на целосно отстранување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров и се договорија да продолжат тристрани разговори со САД, или четиристрани со САД и Кина за да објават крај на Корејската војна, која заврши со примирје но не беше потпишан мировен договор.

Трамповиот нов шеф на дипломатијата Мајк Помпео вчера кажа дека не е веројатно дека САД ќе останат во нуклеарниот договор од 2015, доколку „недостатоците“ не бидат исправени.

„Доколку договорот на Иран не му донесе економска корист, и ние ќе излеземе од него“, изјави иранскиот државен секретар Абдолреза Фараџи денес.

Овие коментари следуваат набрзо по одвоените посети на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон на Вашингтон неделава, кои беа резлизирани делумно и за да се убеди Трамп да не го напушта договорот.

Поврзани новости