655
По претходно издадено Решение од Секторот за инспекции на Општина Центар, денеска инвеститор самостојно отстрани нелегална градба на зелениот пазар „Буњаковец“, информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Тој на фејсбук напиша дека откако завршил инспекцискиот надзор констатирано било дека инвеститорот не поседувал одобрение за градбата и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење.
„Сите инвеститори кои имаат добиено решенија, самостојно да си ги отстранат нелегалните објекти. Во спротивно Општината административно ќе ги изврши, а трошокот за извршувањето ќе падне на товар на инвеститорите“, порача Богдановиќ.