Со години никој не платил данок во Арачиново

by fokus

Арачиново е единствената општина во Македонија што воопшто не наплатила данок на имот, покажува истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации.

Општината за 2017, 2018 и 2019 воопшто нема даночни обврзници.

Тоа што е потрагично е што образложение на локалната самоуправа е оти немаат таква база на податоци, односно дека кај нив не постои даночно одделение.

Данокот на имот е еден од главните извори за полнење на општинските каси. При лошо менаџирање се бараат пари од централната власт. На тој начин Владата од државниот буџет му даде на Арачиново 500 000 евра неповратна помош на крајот на 2020 година.

Покрај Арачиново, половична наплата на данокот има во Тетово (55%), Липково (51%), Врапчиште (46%), Желино (42%), Гостивар (40%), Центар Жупа (36%), Долнени (34%), Студеничани (32%) и Маврово и Ростуше (27%).

Наспрема ова, најдобра е наплата во Македонски Брод (97%), Ѓорче Петров (97%), Велес (97%), Зрновци (96%), Чешиново-Облешево (96%), Македонска Каменица (96%), Илинден (96%), Кавадарци (95%) и Аеродром (95%).

Поврзани новости