Маричиќ: Кривичното дело „демнење“ ќе ја заштити жената и во дигиталниот простор

by Фокус

„Јавна соба“ е кривично дело, да не беше така немаше да има лица лишени од слобода, на кои им е определен притвор и немаше да дејствува јавното обвинителство, рече министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на трибина на младината на СДСМ. Тој посочи дека инситуциите на системот дејствуваат со цел ваквите настани повеќе никогаш да не се повторат.

-Кривичниот законик се либерализира преку воведување на нови кривични дела и добро е што измените во центарот ја ставаат заштитата и правата на жртвата и ги прецизираат делата од родово базирано насилство – рече Маричиќ.

Тој додаде дека мора да се избегнат ситуациите жртвите да бидат повторно жртви.

-Кривичното дело демнење ќе ја заштити жената и во дигиталниот простор и предвидува санкционирање на влегување во приватноста во јавен или дигитален простор, несакан контакт, искористување на лични податоци, слики, приватни преписки – прецизираше Маричиќ.

Новата верзија на измените на Кривичниот законик пред една недела е пуштена во владина процедура и наскоро треба да дојде во собрание.

Поврзани новости