Инвестирани се над 60 милиони евра за рестарирање на Фени

by Фокус

Швајцарската компанија Џисол ги откупи побарувањата во висина од 38,6 милиони евра на сите банки кои беа најголеми доверите во Фени Индустри. Покрај тоа, Џисол е во фаза на договори и исплати на средства кон доверителите што имаа необезбедени побарувања, така што досега се ивестирани над 60 милиони евра за рестарирање на комбинатот за фероникел.

„Ние сме големи оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите и брзината со која ги започнуваме позитивните промени во ФЕНИ. Секоја од овие промени значи чекор напрред кон сигурна, продуктивна и профитабилна иднина за комбинатот и колку побрзо ги поместиме активностите на ФЕНИ надвор од стечајната постапка, ќе можеме да се посветиме кон засилено производство и пласман на производите на фероникел на европскиот и светскиот пазар. Плаќањето на утврдените обезбедени и необезбедени доверители е еден од клучните чекори во таа насока“, велат од македонската филијала на компанијата – Еуроникел.

Инаку, кавадаречкиот комбинат Фени е четири месеци во стечај, поради огромните долгови што ги остави претходниот сопственик – Кунико Ресурсис. Се очекува новиот сопственик во петок да поднесе официјално известување до велешкиот суд за преземените побарувања и да ја потврди намерата за поднесување план за реорганизација.

Поврзани новости