Нова партија ќе се бори за правата на Бошњаците

by Фокус

Бошњачкиот демократски сојуз е називот на новата политичка партија, која денес за претседател го озбра Мунир Колашинац, за потпретседател Зеќир Кувардовиќ, а за генерален секретар Дино Дрпланин.

-Бошњаците, како и другите заедници, имаат право на уставно еднаквост нега на културните вредности, со помош на државните и другите институции. Ќе се бориме за целосна имплементација на образование на Бошњаците и на сите други заедници на нивниот мајчин јазик. Ќе се залагаме и за информирање на мајчин јазик. Статусот на Бошњаците ќе биде остварен преку законските одредби во Македонија – изјави Колашинац.

Од оваа партија, која ќе дејствува во политичкиот центар, сметаат дека реално бројот на Бошњаците во земјава е многу поголем од 17.000, колку што беа попишани во 2002 година.

Поврзани новости