Инциденти на протестите во Софија, демонстранти фрлаа петарди и шок-бомби

by Фокус

На денешните протести во Софија против владата на Бојко Борисов, дојде до ескалација на незадоволството на многубројниот народ, кога прво околу 20 часот демонстрантите почнаа да фрлат петарди врз зградата на поранешниот Партиски дом, а час подоцна почнаа да се слушаат и посилни детонации. Построените жандарми пред толпата ги кренаа штитовите и ги засилија одбранбените позиции.

Демонстрантите уште од претпладневните часови беа собрани пред зградата на Народното собрание, а во попладневните часови нивниот број нагло се зголеми. Во текот на денот, додека траеше седницата на Народното собрание, немаше некои поголеми ексцеси.

Врз полицајците, кои ја чуваат зградата на поранешниот Партиски дом, вечерва беа фрлени мноштво петарди, а десетина пукнаа меѓу нозете на полицајците. Полицајците побараа засилување и кордонот под итно беше засилен со нови сили, кои застана во нов, втор ред заштита, зад припадниците на единицата за справување со прекршувања на јавниот ред.

Поврзани новости