Деталнo метео: Продолжува периодот на стабилно и суво време

by Фокус
Денес, како и во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Денес и утре ќе дува умерен, особено долж повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, во југоисточните предели истите има услови да се искачат до околу 34 степени.
Уште потопло ќе биде на почетокот од следната недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, максималната дневна температура овие денови се очекува да се искачи до околу 28, 29 степени.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости