489
Мирните протести низ улиците на Струмица на Шарената револуција продолжија и вечерва и за малку ќе дојдеше до сериозен инцидент, објави Струмица нет.
Кога службеното лице на СВР Струмица кое вообичаено го снима протесниот марш, почна со камерата да ги снима и граѓаните кои од своите тераси и прозорци на куќите ги отпоздравуваа луѓето во колоната на маршот, група демонстранти револтирано се стрчаа кон него. Веднаш реагираше полицијата, не дозволувајќи да дојде до поголем инцидент.