ПроКредит Банка со нова филијала во Солун

by Фокус 20:51
20:51

Со филијала во Солун се комплетира присуството на ПроКредит Банките во соседството и отсега ПроКредит Банка е присутна во 11 земји во Европскиот регион. За македонските бизниси и население кои соработуваат со партнери од Р Грција, присуството на ПроКредит во Солун има големи придобивки кон соработката и трговски релации: најбрзи и најповолни дознаки и приливи, најповолно повлекување на пари од банкоматите во филијалата 24/7, можност за вмрежување, крос бордер финансирање и можност за меѓународен финансиски лимит во рамки на Групацијата.

PCB_B2B-audience2586

- Advertising -

Во рамките на отворањето на ПроКредит Банка во Солун на 9 мај годинава, се реализираше бизнис со бизнис средба  за клиентите од сите земји каде е присутна ПроКредит Банка, и во присуство на највисоките претставници на ПроКредит Холдинг, Германија, како и високи претставници на Европските тела: Димитрис Аврамопулос, Европски комесар за внатрешни работи, Ханс Јоаким Фухтел, Државен секретар при Министерството за економски развој на Р. Германија и Константинос Михалос, Претседател на Унијата на грчките стопански комори на Р. Грција.

Повеќе од 750 бизнис клиенти на ПроКредит банките во групацијата беа присутни на настанот и имаа можност да реализираат до 7 состаноци во еден ден и да запознаат потенцијални партнери за соработка од сите земји каде ПроКредит Банка има свое претставништво. Меѓу нив беа и педесет бизнисмени, клиенти на ПроКредит Македонија кои остварија успешни состаноци и добија информација од прва рака за бизнис можностите во Европа.

Поврзани новости