Инцидент пред судот, маж сакал со нож да го убие терористот од Нов Зеланд

by fokus

Терористот Брентон Тарант, кој е осомничен дека стои зад убиството на 49 луѓе во џамиите во Крајстчрч во Нов Зеланд, утринава се појави пред судот каде му е одреден притвор до 5-ти април.

Иако просторот пред судот беше под силно полициско обезбедување и затворен за јавноста, сепак настана инцидент откако непознат маж се обидел да влезе во зградата со нож. Мажот бил спречен, а подоцна признал дека имал намера да влезе и да го убие Тарант.

28-годишниот Австралијанец откако се појави пред судот со рацете направи знак што го користат белите расисти. Во текот на сослушувањето остана целосно рамнодушен, а новинарите приметиле дека се насмеал додека стоел пред стаклото.

Сослушувањето може да го следат мал број на новинари од безбедносни причини.

Поврзани новости