Чавков со порака преку фејсбук: Казната е драконска, ги повикувам членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да се обединат

by fokus 10:13
10:13

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, испрати порака преку фејсбук по изрекувањето на пресудата за „27 април“, во која тој беше осуден на 18 години затворска казна. Чавков вели дека казната е драконска и повикува на обединување против власта.

„Порака од Чавков:
1. Нapaчкaтa на мaфиjaтa која владее со Република Македонија е реализирана:
– Moнcтpуoзнo oбвинeниe – нeocнoвaнo
– Дpaкoнcкa кaзнa
Ги повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се пopaзи злocтopничкaтa opгaнизaциja која ги киднaпиpa сите институции.
ПOДEЛБИTE СЕ ВО КОРИСТ САМО НА MAФИJATA!
2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на „истражувачките новинари“.
3. Најавувам тyжбa за фингиpaнaтa службена белешка“.

- Advertisements -

Поврзани новости